Познатиот кај нас еврокомесар, Австриецот Јоханес Хан ќе биде најверојатно комесар и во новиот состав на Европската комисија, но ќе раководи со друг ресор. На негово место е предложен Унгарецот Ласло Трошчањи и тој доколку го помине тестот во Европскиот парламент ќе биде новиот комесар за добрососедска политика и проширување.
Може да се каже дека тоа портфолио на извесен начин ќе има континуитет ако се земе предвид блискоста на Унгарија во однос на нашиот регион и веројатно доброто познавање на регионалните односи ќе го држи во живот проширувањето на Унијата. За Македонија и нејзините ЕУ-аспирации добар предлог.
Во Брисел, пак, извесни поделени мислења, но притоа треба да се има предвид дека новата шефица на ЕК, Урсула фон дер Лајен долго време имала директни консултации со Трошчањи и нејзиниот избор, инаку предлог на унгарскиот премиер Виктор Орбан, не е случаен.
Каде може да има искричиња? Политичката партија во која е Трошчањи – групата Фидеш-КДНП во ЕП денес, откако новата фон дер Лајен го соопшти неговото име за еврокомесар, соопшти дека ја поздравува нејзината одлука. Според нив, „одлуката на фон Дер Лајен е значајно постигнување затоа што силите кои поддржуваат миграција ги спрегнаа сите сили да ја спречат канидатурата на Трошчањи“.
Групата Фидеш-КДНП очекува социјалистите, либералите зелените и комунистите во ЕП да ја нападнат кандидатурата на Трошчањи „со сите можни средства“ и притоа оценуваат дека тоа ќе бидат „непринципиелни напади“.
Британски „Гардијан“ проценува дека ќе има „пловидба по немирно море“ на „кандидатот на Виктор Орбан“ и притоа потенцира дека не смее да се игнорира прашањето „за почитување на владеењето на законите“..
Дебатата во ЕП за номинациите почнува уште неделава.
Кариера на судија, дипломат и универзитетски професор
Урсула фон дер Лајен денеска го номинира Унгарецот, Ласло Трошчањи за нов комесар за соседство и проширување на ЕУ.
Трошањи (63) е адвокат, поранешен судија, дипломат и универзитетски професор, а специјалност му е уставно европско и компаративно право.
Тој од 2019 година е член на Европскиот Парламент, од владејачката партија во Унгарија, Фидеш. Претходно, од 2014 до 2019 година беше министер за правда.
Тој во периодот од 2000 до 2004 година беше амбасадор на Унгарија во Белгија и Луксембург, а од 2010 до 2014 година беше амбасадор во Франција. Трошањи беше заменик член на Венецијанската комисија на Советот на Европа од 2005 до 2013 година и член на Уставниот суд на Унгарија од 2007 до 2010 година.
Трошањи е професор на Универзитетот во Сегедин.
Тој е роден во 1956 година во Будимпешта, а во 1980 година заврши Факултет по право и политички науки. Трошањи е оженет и татко на три деца.
I am honoured to have been proposed for portfolio of Commissioner for Enlargement and Neighbourhood. Look forward to engage with @Europarl_EN and work closely with @JosepBorrellF to mobilise the EU’s full toolbox and working in partnership to the benefit of our neighbourhood
— László Trócsányi (@trocsanyi) September 10, 2019
Comments are closed for this post.