Мета ќе ги отстрани проверувачите на факти, „драстично ќе ја намали цензурата“ и ќе препорача повеќе политички содржини на своите платформи, вклучително и Фејсбук, Инстаграм, објави основачот Марк Цукенберг.

Цукерберг вети дека ќе и даде приоритет на слободата на говорот по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и рече дека, почнувајќи од САД, „ќе ги отстрани проверувачите на факти и ќе ги замени со заеднички белешки слични на платформата X“.

Цукерберг изјави дека „проверувачите на факти на Мета се премногу политички пристрасни и уништиле повеќе доверба отколку што создале“.