Пилот кој повеќе од 20 години без дозвола управувал со авионите, неодамна е откриен кога поминувајќи  покрај швајцарскиот воздушен простор извел некои необични маневри.

Како што пишува британски “ Мирор“, Вилијам Чендлер во текот на целата своја кариера летал со лажни исправи се додека јужноафриканската авиокомпанија  не му ја одзеде  лиценцата за пилот.

Според пишувањето на јужноафриканските медиуми, компанијата САА ги открила лажните документи, додека го истражувалата инцидентот  кој се случил во ноември минатата година кога авионот на летот  СА206  од  Јужна Африка до Франкфурт поминувал преку швајцарскиот воздужен простор. Тогаш копилотот кој тогаш управувал со авионот неколку пати чудно свртел

Чендлер инаку  предходно одбил унапредување во капетан затоа што тоа би значело дека мора повторно да полага летачки испит.