Европската агенција за лекови (ЕМА) следната недела ќе почне да истражува дали спроведените клинички испитувања на руската вакцина Спутник В против Ковид-19 се во согласност со глобалните клинички и научни упатства, информира денеска „Фајненшл тајмс“.
ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознати со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на Спутник В не биле спроведени во согласност со етичките стандарди.
Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека „не бил извршен притисок (врз учесниците)“ и оти испитувањата на Спутник биле спроведени „во согласност со клиничката пракса“.
Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината, што ја изработила државна лабораторија и ја финансирала РДИФ
Comments are closed for this post.