Европската агенција за лекови ЕМА ја одобри денеска за употреба во Европската унија вакцината  против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон.

Тоа е трета вакцина одобрена во ЕУ.

Претходно беа одобрени вакцините на Фајзер/Бионтех, на АстраЗенека и на Модерна.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е со една доза за аплицирање. ЕУ веќе обезбеди 400 милиони дози од таа вакцина.