По добиена дојава за бомба, евакуирани се патниците од авион на московскиот аеродром „Домодедово”.

„Летот на линијата Москва – Токио е евакуиран по анонимна закана за бомба“, изјавија од аеродромската служба.

Според нив, заканата е добиена од украинските радикали.

На аеродромот „Домодедово” има засилени мерки за безбедност.