Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, изјави дека не ја исклучува можноста да биде одложен датумот на излегување на Велика Британија од Унијата, иако за таа одлука е неопходна едногласна поддршка од членките коишто ќе побараат објаснување за тоа.
Блумберг, повикувајќи се на добро упатени извори, наведе дека ЕУ очекува британската премиерка Тереза Меј да побара тримесечно одложување. Барние рече дека сега е загрижен повеќе од претходно, но оти сè уште има шанси да се постигне договор за Брегзит, пренесува Танјуг.
Тереза Меј мора да ја добие поддршката од мнозинството за овој договор. Тоа е услов за да се оди понатаму – истакнува Барние.
Самитот на ЕУ на кој ќе се разгледува можноста за одложување на датумот е закажан за 21 и 22 март, неколку ден пред планираното излегување на Велика Британија од Унијата, предвидено за 29 март.
Comments are closed for this post.