Европската комисија ја исплати осмата транша од својот заем за макрофинансиска помош за Украина во износ од една милијарда евра, со што вкупната поддршка на ЕУ за земјата од почетокот на руската агресија достигна над 170 милијарди евра.

Вкупната вредност на кредитот е 18,1 милијарди евра, како дел од пакетот-заеми на Г7 за вонредно забрзување на приходите на Украина (ЕРА), кој има за цел да обезбеди приближно 45 милијарди евра финансиска поддршка за земјата. Од почетокот на годинава во рамки на заемот за макрофинансиска помош, ЕУ на Украина и исплати 10 милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера во нејзиното обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред европратениците најави дека Комисијата во рамките на ЕРА претстојнава есен ќе исплати уште шест милијарди евра за Украина, што ќе и овозможи на земјата суштинско зголемување на воените трошоци и задоволување на нејзините итни воени потреби.

Кредитите од рамката на ЕРА се отплаќаат од профитите од замрзнатите руски државни средства од ЕУ