На островот Сулавези во Индонезија, регистрирана е ерупција на вулкан што исфрла пепел до 7.500 метри висина.

Вулканот Сопутан што се наоѓа во северниот дел од островот, двапати утрото исфрли пепел – соопшти портпарол на националната Агенција за спречување катастрофи.

Според него, во очекување е излевање лава и пепел низ падините на вулканот и повика на евауација на локалните жители.

Сопутан е еден од најмалку 120 активни вулкани во Индонезија.