Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара ќе го поддржи членството на Шведска во НАТО доколку Европската унија повторно ги отвори преговорите за членство на Турција во ЕУ.
– Прво, да го отвориме патот за влез на Турција во ЕУ, а потоа ќе го отвориме патот за Шведска, како што направивме за Финска – изјави Ердоган на новинарите пред годишниот самит на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус.
Преговорите меѓу Турција и ЕУ се во застој веќе неколку години.
Турција поднесе барање за членство во Европската економска заедница во 1987 година и во Европската унија во 1999 година, но преговорите за пристапување во ЕУ, кои започнаа во 2005 година, беа погодени од голем број тешки проблеми и недостаток на ентузијазам од клучните земји на ЕУ.
Comments are closed for this post.