Француската авиокомпанија „Ер Франс“ денес го откажа летот од Париз до Москва, откако Русија не обезбеди нова рута заобиколувајќи ја Белорусија, објави компанијата. Европскиот совет ги повика европските авиокомпании да избегнуваат летање над Белорусија и објави дека очекува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство итно да го испита горенаведениот инцидент. Лидерите на државите на ЕУ повикаа на нови санкции против Белорусија.

Компанијата го откажа летот AF1154 „од оперативни причини, поврзани со заобиколување на белорускиот воздушен простор, за кој беше потребна нова дозвола од руските власти за влез во нивниот воздушен простор“, изјави портпаролот на компанијата, пренесе Ројтерс.

Ер Франс објави дека планира да го организира откажаниот лет утре, но сè уште чека на руско одобрување на планот за лет што ќе овозможи заобиколување на белорускиот простор.

Претходно денес, авионот на белоруската компанија „Белавија“ на летот од Минск кон Барселона не можеше да слета на шпанскиот аеродром бидејќи Франција не дозволи авионот да влезе во нејзиниот воздушен простор.

Прес-секретарот на белоруското Министерство за надворешни работи, Анатолиј Глаз, изјави дека акцијата на Франција претставува директно кршење на меѓународното право.

Авионот потоа се вратил во Минск