Двајца виетнамски туристи загинаа, а 12 луѓе се повредени, меѓу кои и возачот на автобусот и туристичкиот водич, во експлозија на бомба во близина на пирамидите во Гиза, соопшти египетското министерство за внатрешни работи.
Освен возачот и водичот, во автобусот биле вкупно 14 туристи од Виетнам, од кои само двајца останале неповредени.
Министерството за внатрешни на Египет соопшти дека бомбата која експлодирала била поставена во ѕид покрај патот во Гиза, во близина на пирамидите, а која е активирана во моментот кога автобусот поминувал.
Засега никој не презема одговорност за нападот.
Comments are closed for this post.