Во зградата на воено-вселенската академија „А.Ф.Можајски“ во Санкт Петербург избувнала експлозија, при што четири лица се повредени, јавуваат руските медиуми.

Причините за експлозијата не се познати. Се наведува само дека се случила внатре во зградата на академијата во која се школуваат руски воени пилоти.

Воената академија „А.Ф. Можајск“ е една од најголемите воено образовни институции во Русија.