Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на лидерите на Европската унија дека ќе разговара за Брегзит кога ќе покажат дека се подготвени да ја сменат својата позиција за договорот за излез на Британија од ЕУ, а дека во спротивно ќе го напушти европскиот блок без никаков договор, изјави портпаролката на Џонсон.
– Премиерот е расположен да седне и да разговара кога ќе се смени позицијата, рече портпаролката.
Џонсон претходно изјави дека ЕУ мора да отстапи од таканаречениот „бекстоп“, односно заштитен механизам, што значи дека Северна Ирска останува во царинска унија со Британија ако не се најдат други решенија.
Според него, „бекстоп“ е недемократски и мора да се отстапи од него доколку Европската унија сака да се постигне договор за Брегзит
Comments are closed for this post.