Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе одбие секаков предлог за одложување на Брегзит по крајниот рок на 31 октомври.
Тој има работна средба во Луксембург со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Џонсон е подготвен да постигне нов договор со Брисел на претстојниот Европски совет на 18 октомври. Според него, евентуално ново одложување ќе создаде дополнителна несигурност во земјата и ќе доведе до сериозни финансиски загуби.
Претходно лидерот на евроскептичната Партија за Брегзит, Најџел Фараж истакна дека излезот на Велика Британија од Европската унија повторно ќе биде одложен бидејќи обидот на премиерот Борис Џонсон да склучи нов договор со Брисел ќе биде одбиен од Парламентот.
Освен тоа, Фараж нагласи дека Џонсон претставува закана за неговата Конзервативна партија.
Истовремено, Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе ја одржи својата прва седница.
Comments are closed for this post.