Две лица загинаа при уривање на две нелегални згради во западниот дел на бразилскиот град Рио де Женеиро.
Причина за уривањето на зградите се неколкудневните поројни дождови и поплави во кои животот го загубија десетина лица.
Две лица загинаа, други две се повредени, а спасувачите се уште бараат преживеани под урнатините – соопштија од спасувачките служби.
Како што соопштија од канцеларијата на градоначалникот на Рио, не е официјално позанто зошто зградите попуштиле на дождот, но дека најверојатно станува збор за несоодветната изградба на двете четирикатници, во кои живееле најмалку четири семејства.
Поради лошата инфраструктура, уривањето на зградите не е реткост во посиромашните региони на Бразил.
After The Worst #Storm in 22 Years
2 buildings collapsed in the west part of #RioDeJaneiro, #Muzema
Death toll rises to 2
2 are injured
15 are still missing
The area was one of the most affected by the #Flooding 3 days ago. 10 People diedpic.twitter.com/XZRRU3alBD
— Julio_Vaisman (@VaismanJulio) April 12, 2019
Поради интензивните неколкуденевни врнежи, голем дел од улиците на Рио беа поплавени, што беѓе причина во градот да биде прогласена вонредна состојба.
At least 10 dead after flash floods hit #RiodeJaneiro pic.twitter.com/1YBF89bFtU
— Ruptly (@Ruptly) April 10, 2019
Comments are closed for this post.