Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин потпишаа заедничка декларација на вториот ден од средбата во Пјонгјанг. Во исто време, министрите за одбрана на двете страни потпишаа и воен договор за да се намалат тензиите на Корејскиот полуостров.
На заедничката прес-конференција Мун Џае-ин рече дека Ким се согласил да се преземат конкретни чекори кон нуклеарно разоружување и целосно демонтирање на севернокорејските нуклеарни инсталации во присуство на меѓународни експерти. Во рамки на договорот, Северна Кореја ќе го затвори својот нуклеарен реактор во Јонбон и ќе го демонтира нуклеарниот полигон Точхан – ри.
Југот и Северот на Кореја се согласија и да ја претворат демилитаризираната зона на нивната граница во зона на мир и просперитет, а меѓу мерките за намалување на тензиите треба да се формира и заеднички комитет, во кој ќе има претставници на воената команда на двете страни.
По средбата, јужнокорејскиот претседател Мун, најави дека севернокорејскиот лидер ќе го посети Сеул до крајот на годината, изразувајќи надеж за скорешно возобновување на дијалогот меѓу Северна Кореја и САД.
North and South Korea sign military agreement
North Korean leader Kim Jong Un has committed to permanently closing some nuclear and missile testing facilities, as part of a joint military agreement signed with South Korean President Moon Jae-in.
Kim also promised to visit Seoul in the “near future” — no North Korean leader has ever visited the South Korean capital: https://cnn.it/2DcmPgL
Posted by CNN International on Tuesday, September 18, 2018
Comments are closed for this post.