Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска рече дека „нема зошто да се брза” во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја.

Многу луѓе прашуваат до каде се преговорите со Северна Кореја, а јас им одговарам дека нема зошто да се брза. Има страшен потенцијал за голем економски успех за таа земја. Ким Џонг Ун го знае тоа подобро од кој и да е друг и ќе може целосно да го искористи тоа. Сè е во ред, рече Трамп.

Тој, сепак, не соопшти конкретни детали за евентуалните разговори.

Трамп и Ким се сретнаа во јуни во Сингапур.