Демонстрантите во Басра, вториот по големина град во Ирак, го запалиле конзулатот на Иран во знак на протест против иранското мешање во ирачката политика. Стотици демонстранти речиси една недела протестираат на улиците во овој град во јужниот дел од Ирак, а протестите почнаа во знак на револт поради проблемите во снабдувањето во вода и струја.
VIDEO — Footage allegedly shows moments the Iranian consulate in Iraq’s Basra was set on fire by protestershttps://t.co/fBRzYta4Kc pic.twitter.com/63tEROjdUd
— DAILY SABAH (@DailySabah) September 7, 2018
Сепак, поради тоа што во ирачкиот Парламент има борба за превласт меѓу две групи шиитски политичари, едната блиска до САД, а другата до Иран, за тоа кој ќе ја формира идната ирачка Влада, протестите брзо добија политички карактер и излегоа од контрола.
Свештеникот Моктада ал Садр, кој е предводник на една од водечките шиитски партии во Ирак, побара од премиерот Хајдар ал Абади веднаш да ги одобри потребните пари од централниот буџет за подобрување на комуналните услуги во Басра. Ал Садр и Абади се обидуваат да формираат Влада и во тоа ја имаат поддршката на САД.
Нападот на конзулатот на Иран доаѓа истиот ден откако имаше минофрлачки напад врз американската амбасада во главниот град Багдад, кога одекнаа три експлозии непосредно до објектот, но немаше жртви.
Басра е главното ирачко пристаниште и една од најважните нафтени провинции во Ирак.
Comments are closed for this post.