Ширум САД одржани се протести на кои од Конгресот е побарано да ги заостри законите околу контролата на оружјето. Ова следува после масовните пукања во Тексас, Охајо и Калифорнија.
Стотина демонстранти се собраа во Повиденс на Лонг Ајленд, носејќи транспаренти „Разоружајте ја омразата“, „Доста“ и „Никому не треба оружје за војна по дома“.
Сличен протест одржан е во Балтимор.
Демонстрантите во Чарлстон, во Западна Вирџинија, носеа транспаренти со кои повикуваат да се смени Конгресот ако не се смени законот.
Демонстранти се собраа и пред Градското собрание во Сан Франциско.
Американскиот конгрес е на летна пауза, но лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел побара од претседателот на тој дом да ги разгледа можните предлози на новиот закон за оружје кои би се нашле пред пратениците кога ќе се вратат од одмор во септември.
Comments are closed for this post.