Израелската полиција соопшти дека ги истражува обвинувањата што го потресуваат правосудниот систем на земјата, а кои се однесуваат на сомнителни обиди да бидат назначени двајца судии.
Еден адвокат е уапсен поради сомнеж оти ги промовирал судиите во замена за сексуални услуги, во скандалот што дојде до министерството за правда, Врховниот суд и врховниот обвинитела на Израел. Адвокатот, кој е на висока функција во израелскиот правосуден систем, се обидувал да влијае за назначувањето на една жена и на уште едно лице за судии, соопштија од полицијата.
Полицајци влегле во канцелариите на израелската адвокатска комора и во домот на осомничениот, а испитувани се неколкумина за коишто се верува дека се вмешани во случајот. Истрагата почнала пред две недели откако се појавиле нови информации.
Sex for Judgeship: In scandal reaching to Israeli Justice Ministry, Supreme Court & Atty General, a blue-chip lawyer was arrested over suspicion he promoted judges for sex. Police say lawyer advanced appointment of woman magistrate judge + another judge. https://t.co/T2LN1STcYv
— Noga Tarnopolsky (@NTarnopolsky) January 16, 2019
Врховниот израелски обвинител, Авихај Манделбилт, се изземал од водење на случајот поради тоа што е добар пријател со главниот осомничен.
Според очекувањата, на испитување ќе бидат повикани и главниот судија на Израел и министерката за правда, како и други членови на комитетот за назначување судии.
Портпаролот на полицијата, Мики Розенфелд, изјави дека проверува дали има повреда на интегритетот во врска со назначувањето на судиите. Тој соопштил и дека полицијата конфискувала документи во рамки на истрагата.
Comments are closed for this post.