Постои голема веројатност Асад да загинал во авионска несреќа, бидејќи е мистерија зошто авионот ненадејно се свртил и исчезнал од картата според податоците на веб-страницата Флајтрадар.
Авионот првично летал кон крајбрежниот регион на Сирија, упориште на алавитската секта на Асад, но потоа направил остар пресврт и полетал во спротивна насока неколку минути пред да исчезне од картата.
Башар ал Асад полета од Дамаск до непозната дестинација претходно во неделата, изјавија за Ројтерс двајца високи воени офицери.
Авионот на Сирија ер полетал од аеродромот во Дамаск околу времето кога беше објавено дека бунтовниците го зазеле главниот град, според податоците на веб-страницата Флајтрадар.
Comments are closed for this post.