Бројот на загинати по катастрофалниот земјотрес и цунамито што ја погодија Индонезија, мкоже да се искачи и преку 5.000, стравуваат локалните власти. Засега, официјалната бројка на жртви е 1.944, но бројот на луѓе што се водат за исчезнати се движи околу бројката 5.000.
Таквиот биланс на жртви, со секој ден станува се поизвесен, особено што Агенцијата за вонредни ситуации соопшти дека индонезиските спасувачи во четврток ќе ја прекинаат потрагата по жртви.
Најголем број на исчезнатите, како и на потврдените жртви, е од градот Палу, најпогоденото место што се наоѓа на островот Сулавеси. Катастрофалниот земјотрес и цунами го погодија островот на 28 септември.
Comments are closed for this post.