Црната кутија од срушениот авион на авиокомпанијата „Етиопијан Еирлајнс“ ќе биде испратена во Франција на анализа. Портпаролот на компанијата, Асрат Бегашав изјави дека Етиопија нема капацитет и можност за анализа на кутијата која е прилично оштетена.
Патничкиот авион Боинг 737 МАКС 8 на „Етиопијан Еирлајнс“, кој леташе од Адиса Абеба кон Наироби падна на 10 март кратко по полетувањето. Сите 157 патници и членови на екипажот загинаа.
И Трамп ги приземји Боинг 737 МАКС
Причината за падот се уште не е позната. Станува збор за нов авион, кој компанијата го купила во ноември минатата година. По несреќата, Турција, Сингапур, Кина, Етиопија, Индонезија, Австрија, Малезија, Оман, Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Австралија, Казакстан, Обединетите Арапски Емирати, Нов Зеланд, Индија, Бахраин и ред други земји ги одложија летовите на кои се користи авионот Боинг 737 МАКС.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата попушти под притисокот и објави приземјување на сите летала од овој тип, со тоа приклучувајќи се кон меѓународниот консензус за истрага за новиот авион на американскиот конструктор кој доживеа две трагични несреќи за помалце од пет месеци.
Comments are closed for this post.