Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Профилот е отворен и верификуван во четвртокот, а првата објавена фотографија прикажува работна маса на еден од вработените на која се гледа перика, часовник, печат, хартии и книги.
За само 24 часа ЦИА има 26.400 следбеници, но Агенцијата се уште не следи никого на оваа социјална мрежа.
Освен на Инстаграм, ЦИА има и налог на Твитер и профил на Фејсбук.
Портпаролката на ЦИА, Челзи Робинсон изјави дека приклучувањето на Инстаграм е уште еден начин на кој се споделуваат приказни и се регрутираат млади талентирани Американци да работат за Агенцијата.
„Овој профил ќе овозможи увид во Агенцијата, но не можеме да ветиме селфи од тајни локации. Среќни сме што ќе ја разбудиме љубопитноста кај корисниците на Инстаграм и глобалната мисија на ЦИА“, истакна Робинсон.
Comments are closed for this post.