Вистинско чудо е забележано во Етиопија, каде што локален свештеник секојдневно оди во црквата на сртот од планината. Патот до таму воопшто не е лесен и води по тесен стрмен дел, речиси вертикален од двете страни и со амбис под него.

Сепак, свештеникот вели дека Господ е со него и дека никогаш не паднал, дури и не се ни лизнал, иако оди бос. Тоа не е случај со другите верници кои се откажуваат на првата пречка затоа што речиси е невозможно да стигнат до таму.

Православниот свештеник вели дека таму горе го наоѓа мирот и оти не може да замисли ден, а да не отиде и да запали свеќа.

Погледнете ја неговата приказна.