Ние нема да примиме лица кои би работеле против интересите на Грција, порача денес министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу на отворањето на грчки конзулат во Смирна, Турција.

Пораката на Чавушоглу му беше кажана директно на неговиот грчки колега Никос Коѕијас, конкретно мислејќи на осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција и таму побараа заштита.

Инаку, средбата беше церемонијална, затоа што Грција го отвори својот конзулат во реновираната зграда, а прв поздравна реч одржа Чавушоглу.

„Турција и Грција се две земји поврзани географски и историски. Ние претставуваме две големи култури. Двете земји имаат безброј културни пораки. Нашите јазици споделуваат повеќе од 5.000 зборови. Ова ги зближува нашите народи, но одвреме навреме нашите односи поминуваат низ тешки и напнати денови. Не ги криеме нашите разлики, но гледаме и на соработката и на решенијата, и нема да дозволиме неколкумина кои ја целат Грција да им дадеме засолниште“, порача Чавушоглу.

Коѕијас возврати дека за „време на државниот удар Грција застана на страната на Турција и покрај проблемите во билатералните односи“.

Коѕијас додаде дека се направени напори за тие да се подобрат.