Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон доброволно се пријавија да ја примат вакцината за ковид-19 пред камери откако таа ќе биде одобрена од регулаторните тела, со цел да покажат на јавноста дека таа е безбедна, пренесува Си-Ен-Ен.
Последните три претседатели се надеваат дека јавна кампања за подигање на свеста за ефикасноста на вакцината ќе испрати силна порака откако јавните здравствени власти се трудат да ги убедат граѓаните да се имунизираат.
Comments are closed for this post.