Британскиот министер за Блиски Исток, Ендру Мурисон денеска ќе отпатува за Иран. Неговата посета доаѓа во време на зголемени тензии помеѓу Техеран и Вашингтон поради иранското соборување на американскиот дрон.
Во овој период на зголемени регионални тензии и клучен период за иднината на нуклеарниот договор, оваа посета е можност за дополнителни отворени, искрени и конструктивни разговори со Владата на Иран – се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.
Како што се наведува во соопштението, Мурисон ќе повика на итна деескалација на тензиите во регионот и ќе изрази загриженост поради иранското однесување и заканата на Иран дека нема да го почитува нуклеарниот договор, за кој Велика Британија стои во целост.
Comments are closed for this post.