Според новиот усвоен закон, британските граѓани може да бидат казнети и до 10 години затвор доколку патуваат во зони означени како конфликтни. Законот за спречување тероризам и безбедност на границите има за цел да се занимава со заканите што ги претставуваат поединци кои заминуваат во странство да учествуваат во борби во странски конфликти.
Мерката нема да дозволи ретроспективно кривично гонење и на тој начин ќе бидат изземени оние кои се бореле со џихадистичката група Исламска држава. Исклучоци ќе важат за новинари, хуманитарни работници и лица „со добра причина“, како што се луѓе кои сакаат да присуствуваат на погреб.
Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, изјави дека законот и овозможува на „полицијата овластувања за навремено да откријат терористички заговори и да обезбедат оние кои сакаат и наштетат на Бртитанија да бидат казнети“.
Comments are closed for this post.