Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија ќе ја чини владата по 500 милиони фунти (650 милиони долари) неделно што во моментов ги брише средствата што може да се спасат од неплаќање на придонеси во Унијата, се наведува денеска во студија на Центарот за европски реформи.
Во студијата се наведува извештајот на истражувачка група фокусирана на ЕУ, дека британската економија сега регистрира намалување од 2,5 во однос на тоа што би било доколку Британците не одлучија да излезат од блокот во јуни 2016 година. Заклучоците на Центарот се засноваат на последиците за економијата до крајот на јуни 2018 година.
Државните финансии се оштетени со 26 милијарди фунти годишно, што е еднакво на 500 милиони фунти неделно.
Групата соопшти дека нејзината анализа е базирана на 22 развиени економии со карактеристики блиски до Велика Британија.
За првата половина од оваа година, британската економија објави најмал раст од втората половина на 2011 година, при што фирмите ги намалија инвестициите, што укажува на тоа дека тие се внимателни пред престојниот Брегзит.з
Comments are closed for this post.