Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борс Џонсон се смета за главен фаворит во трката за лидерското место на Ториевската партија. И бидејќи тоа е трка во која се користат сите оружја и тактики, на видело излезе и потеклото на Борис Џонсон. Кој е всушност господин Џонсон: Особено кога за една ТВ изјави „кога мојот прадедо муслиман дојде во оваа земја….“.

Токму така, неговиот прадедо во Велика Британија дошол во 1912 година од Отоманската империја затоа што како школуван човек, новинар и политичар знаел дека новата земја е столб на надежта и гостољубивост.

Џонсон мислел на неговиот прадедо Али Кемал, дедото на Стели Џонсон. Кемал бил роден во Цариград во 1867 година, а бил и познат поет и неколку месеци бил и министер за внатрешни работи во владата на Великиот везир на Отоманската Империја,  Дамат Ферид Паша.

Тој бил слободоумен човек поради што решил да избега од Империјата во времето на владеењето на Абдул Хамид Втори. Но, интересно, младиот Али Кемал не се согласувал ниту со младотурците, па останал во опозиција. Кемал умира на 6 ноември 1922 година откако бил киднапиран од берберница во Истанбул,м а потоа со чамец префрлен во азискиот дел на Истанбул. Него требало да му се суди во Анкара за предавство. Но, групата која го водела била пресретната во Измит од генералот Нуредин паша. Кемал бил нападнат и линчуван од толпата поттикната од Нуредин. На смрт бил претепан со стапови, камења и со ножеви, а потоа бил обесен на дрво.

Тој пред смртта, во 1903 година се оженил со англосаксонката Винифред Брун во Педингтон, Лондон. Двојката добила три деца, едно беше син на Осман Кемал (подоцна Вилфред Џонсон). Осман се оженил со Ирене Вилијамс а парот го добива Стенли Џонсон – таткото на Борис.