Маргарита Симонјан, главен и одговорен уредник на руската државна телевизија “Раша Тудеј“ и еден од најпознатите пропагандисти на претседателот Владимир Путин, неодамна во телевизиска емисија изјави дека војната во Украина е борба меѓу Русија и целиот Запад, во кој Русија на крајот ќе победи и ќе се покаже како „најголемата земја во светот“.

 

– Сакам да ви кажам директно пред камера, извинете го изразот – нашата програма се емитува доцна навечер – борбата за мир е како eб……ње. за невиност. Штом ќе го сфатите ова, можеби ќе бидете помалку лицемер.