На интернет е објавена видео снимка од воздушен напад на интернационалниот аеродром Митига во Триполи. Ловец МИГ-21 на Либијската национална армија погодил два борбени авиони.
Либијските власти го затворија единствениот функционален аеродром во главниот град Триполи по воздушниот напад, изјавуваат официјални лица од аеродромот.
Во Либија минатата недела беа обновени судирите кога Либијската национална армија предводена од генералот Калиф Хафтар од истокот тргна во освојување на западот на земјата и главниот град Триполи, каде контрола има меѓународно признатата влада предводена од предводена од Фајез ал Сарај.
Двете страни известија дека од четвртокот се убиени најмалку 41 лице, вклучувјќи цивили, пренесува Асошиејтед Прес.
Comments are closed for this post.