Американската компанија Боинг ќе исплати 100 милиони отштета на семејствата на жртвите во двете фатални несреќи на авионите од типот „737 Макс“.

Од компанијата соопштија дека тие средства ќе бидат наменети и за поддршка на економскиот развој во заедниците на кои влијаеле несреќите во кои загинаа речиси 350 лица.

Изразуваме длабоко сочуство за семејствата кои ги изгубија своите сакани и се надеваме дека овој гест ќе им донесе утеха – изјави извршниот директор на Боинг, Денис Муленберг.

Се очекува Боинг да соопшти кога авионите од типот „737 Макс“ ќе почнат повторно да летаат, иако произведувачот на авиони соработува со американските регулаторни органи на отстранување на проблемите.

Над 300 авиони Боинг „737 макс 8“ и „макс 9“ се повлечени низ целиот свет од активна служба по двете смртоносни уривања на авионите во пет месеци, кога во несреќите во Етиопија и Индонезија загинаа вкупно 350 луѓе.