Папата Франциск ја прифати оставката на бискупот од Лос Анџелес, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни лица, објави Ватикан за најновиот случај на недолично однесување на свештеник, последен во низата што ја потресоа американската Католичка црква.
Како што се наведува во кратката изјава кратка изјава, 69-годишниот Александар Салазар се повлекол од функцијата помошник-бискуп на Лос Анџелес.
Католичката црква се уште се опоравува од извештајот на големата порота, според кој, 301 свештеник во сојузната држава Пенсилванија сексуално злоупотребувал малолетници во период од 70 години.
Папата Франциск ги повика членовите на околу 110 национални католички бискупски конференции и десетици експерти и лидери на варските редови во Ватикан на 21-24 февруари на состанокот посветен на кризата на сексуална злоупотреба.
Жртвите се надеваат дека на средбата ќе придонесе за создавање на јасни правила, за бискупите да одговараат за прикривање или лошо решавање на случаите на злоставувања.
Comments are closed for this post.