Бројот на загинатите во катастрофалните поплави на југоистокот на Шпанија денес се искачи на три откако едно лице се удави во својот автомобил заглавен во еден тунел.
Медиумите објавија дека последната трагедија се случила во Алмериа кога тунелот бил поплавен со огромно количество вода за само неколку минути. Полицаец успеал од возилото да извлече две од трите лица, но едно останала во автомобилот, изјави Рамон Фернандез-Пачеко, градоначалникот на Алемира.
Аеродромот во Алмериа денес бил затворен за сообраќај заради поплавите предизвикани од поројните дождови. Голем број од патниците не можеле да дојдат до него.
Вчера двајца возрасни маж и жена настрадаа кога еден водотек го исфрлил нивниот автомобил од патот во местото Каудете, 100 километри оддалечено од Валенција.
Повеќе регионот во југоисточна Шпанија настрдаа од невремето,а денес училиштата не беа отворени.
Алармантно предупредување денес објави и британскиот Форин офис предупредувајќи ги своите граѓани кои се туристи во Шпанија да бидат особено претпазливи заради невремето, оценето како екстремно лошо.
Comments are closed for this post.