Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони (82) лапароскопски е опериран во болница во Милано, поради опструкција на црева.

Од неговиот кабинет соопштија дека операцијата била успешна и оти тој се чувствува добро. Се очекува Берлускони да излезе од болница за неколку дена.