Покрај повиците за смирување од Лондон, Даблин и Вашингтон, нови насилства избија во четврток вечер во Северна Ирска, која последната недела ја потресуваат со години невидени нереди.

Во Белфаст, спедијалната полиција се соочи со републиканските демонстранти и беше гаѓана со камења и молотови коктели додека се обидуваше да спрели маса собрани луѓе да се упати кон унионистите, јави Франс прес.

Една недела британската покраина е разнишана од судири невидени од 1998 година, при што летаат проектили на силите на редот и се палат возила, повеќето на подрачјата со протестантско мноизнство.

Во насилствата досега се повредени повеќе од 50 припадници на полицијата. Во три децении кога загинаа 3.500 луѓе во немири меѓу републиканците, главно католици кои се поборници за обединување со Ирска, и протестантските унионисти, поборници за припадност кон Обединетото кралство.

 

Повици за смирување
Нови насилства избија иако во текот на ова недела британскиот и ирскиот премиер повикаа на смирување, придружувајчи се на позвиците на челниците на Северна Ирска и унионистите и републиканците, кои го осудуваат неприфатливото насилство, во рамки на напнатоста и огорченоста поради Брегзит.

Пред вонредното заседание на локалниот парламент, северноисрката влада составена од унионисти и републиканци, објави заедничко соопштение во кое го осудува насилството за кое смета дека е потполно неприфатливо и неоправдано и повика на прекин на нападите врз полицијата, јавните служби и северноисрката заедница.

Борис Џонсон, кој на лице место го прати својот министер за Северна Ирска Брендон Луис, разговараше вчера попладнето со ирскиот колега Мајкл Мартин.

„Нагласувајќи дека насилството е неприфатливо, повикаа на смирување. Мора да напредуваме со разговор и работа на институциите почитувајќи ја спогодбата на Велики петок“ (со него се завршени судирите од 1998 година),“ соопшти Даблин.

И Белата куќа повика на смирување

Белата куќа исто така, повика на смирување и истакна дека е загрижена поради насилствата додека Џо Бајден, горд на своето ирско потекло, веќе изрази загриженост поради последиците од Брегзит врз мирот во таа покраина.

„По Спогодбата на Велики петок владее привиден мир“, рече жителката Фиона Мекмахон. „Немирот е длабоко вкоренет и тоа не само поради Брегиз“, додаде и оцени дека премиерот Борис ЏОнсон овде нема што да прави.

Брегзит ја ослабе и онака кршливата рамнотежа во покраинатасо воведување царински контроли меѓу Обединетото кралство и Европската Унија.