Жолтите елеци се вистински тренд во светот но малкумина знаат кој ги измислил. Тоа е Гислан Кутар која е автомеханичар и камионџија прв повика преку социјалните мрежи да се користи жолитиот елек како симбол за незадоволство.
Се снимав себеси и си реков зошто мојот елек да не го користиме на протестите. Тој мора да го поседуваме во возилата според закон, па нека биде наш знак за распознавање. Тоа беше вистински погодок-вели Кутар.
Во Франција денеска ќе се одржи шести по ред протест на „жолтите елеци”, поради што палатата Версај ќе биде затворена за посетители.
Низ цела Франција, а особено во престолнината Париз, веќе со недели се одржуваат насилни протести.
Минатата недела бројот на демонстранти изнесуваше околу 66.000, по што претседателот на Франција, Емануел Макрон направи отстапки, вклучувајќи и укинување на таксите за гориво
Comments are closed for this post.