За време на нападот во историскиот центар на Виена, тој носеше лажен појас со експлозив и беше вооружен до заби со автоматска пушка, пиштол и мачета. И, тој очигледно бил решен да убие луѓе.

20-годишниот Кујтим Ф. бил добро познат на безбедносните органи во Австрија. Минатата година Австриецот со албанско-македонски корени сакаше да и’ се приклучи на Исламска држава во Сирија. За тоа тој беше осуден на 22 месеци затвор.

На 5 декември 2019 година, меѓутоа, тој бил пуштен на условна слобода, бидејќи се сметаше за млад возрасен и во Австрија за оваа возрасна категорија важат привилегиите на Законот за судовите за млади (JGG), пишува „Дојче веле“.

Имамот Рамазан Демир, кој и самиот бил затворски свештеник, стави прст во рана. „Затворите се легла за радикализација“, изјави муслиманскиот свештеник за агенцијата АПА. И магазинот „Профил“ во своето последно издание известува за значителни безбедносни празнини во затворите во Австрија. Според виенското Министерство за правда, бројот на шверцувани мобилни телефони се зголемува. Во изминатата година, во затворите беа одземени повеќе од 1.000 нелегални мобилни телефони – 720 повеќе отколку во претходната година

Во пролетта, водечки џихадисти беа осудени на затворски казни во Грац. Тие шверцувале борци на Блискиот Исток преку религиозно здружение во Грац. Исламска држава со години регрутира џихадисти на Балканот, а жариштата таму се Санџак во триаголникот Босна и Херцеговина, Србија и Косово, како и соседните земји. Пропагандни видеа на ИД се насочени кон млади мажи на Балканот. Нивните борбени имиња го означуваат нивното потекло: Ал-Босни, Ал-Косови, Ал-Албани тие самите се нарекуваат. Визијата на радикалите е да го интегрираат Балканот во калифатот што треба да се создаде. Секогаш одново нивните траги водат и кон Виена.

Целиот текст овде.