Австралија ќе го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел, но нема да ја премести својата амбасада додека израелско-палестинскиот конфликт не се реши по мирен пат, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.
Морисон посочи дека Австралија ќе го признае Источен Ерусалим како главен град на палестинската држава само кога ќе се најде мирно решение засновано на соживот на две држави.
Во меѓувреме, австралиската амбасада во Израел ќе остане во Тел Авив.
Претходно, новиот австралиски премиер рече дека неговата земја треба да го следи примерот на САД и да ја премести својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
Аналитичарите го оценија тоа како циничен обид да освои гласови за изборите во октомври за едно место во Парламентот од област во Сиднеј со големо еврејско население.
Comments are closed for this post.