Производителот на вакцини АстраЗенека одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус.
Средбата беше откажана по експлозивното интервју на извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сорао, кој рече дека компанијата нема договорна обврска, но се согласила „да даде се од себе“ и да ја снабди ЕУ со својата вакцина.
Наместо состанокот што беше планиран вечерва, компанијата писмено ќе одговори на еврокомесарката Стела Киријакидес, која побара објаснување од „АстраЗенека“ зошто доцни со испорака и производство на вакцини.
Извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сориот возврати на официјалните претставници на ЕУ кои ја критикуваа лабораторијата за снабдување на значително помалку дози од договореното, велејќи дека неговата компанија сигурно не зема вакцини од Европејците за да ги продава на друго место со профит.
За италијанскиот весник Ла Република, Сориот вели дека неговиот тим работи 24-7 за да ги среди проблемите со производството на вакцините. Вели дека доцнат два месеца од она што било планирано, но обвинува дека ЕУ доцна одлучила да потпише договор со компанијата, со што им се ограничило времето за средување на нарачката. Објаснува дека Велика Британија, која е надвор од блокот, го потпишала договорот три месеци пред ЕУ, и затоа сега ја имаат вакцината.
Сориот вели дека планот е да почнат со достава во февруари, а тоа нема да биде мала доза. Станува збор за милиони дози вакцини кои ќе се достават до ЕУ, вели Сориот.
Comments are closed for this post.