Видео со Џулијан Асанж од еквадорската амбасада во Лондон стана вирална сензација на интернет. Видеото го објави шпански „Ел паис“ и на него може да се види како Асанж се обидува да вози скирол во просториите на амбасадата.

Асанж во амбасадата на Еквадор помина седум години со статус политички азилант. Минатата недела еквадорските власти му го одзеле азилот, а британската полиција веднаш го уапси од дипломатските простории.

Се претпоставува дека на видеото Асанж е во друштво со неговата советничка Стела Морис.