Сириската државна информативна агенција соопшти дека претседателот Башар Асад им дозволил на ирачките сили да ги напаѓаат групите на „Исламската држава“ внатре во Сирија, без да чекаат одобрување од властите во Дамаск, соопшти Асошиетед прес.
Асад вчера добил писмо од ирачкиот премиер Адел Абдел Махди, кој повикува на координација меѓу двете држави во борбата против тероризмот.
„Исламска држава“ контролираше големи делови од двете држави кога го прогласи својот калифат во 2014 година. Екстремистите беа победени во Ирак, но се уште држат мала територија во Сирија. Ирачките воени авиони и артилеријата и досега нанесуваа удари врз позициите на „Исламска држава“ во Сирија, но откако добиваа дозвола од сириските власти.
Comments are closed for this post.