Кина ја отфрла информацијата дека ги прислушува телефонските разговори на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја таквата информација „лажна вест” и предложи тој да го смени ајфонот со телефон произведен од кинеската компанија „Хуавеј”.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека новинарите кои стојат зад информацијата на американскиот весник „Њујорк тајмс”, „не ги штедат напорите за освојување на наградата на Академијата за најдобро сценарио”.
Прво, „Њујорк тајмс” би требало да знае дека таквата информација е само потврда за уште еден доказ дека весникот прави лажни вести. Второ, предладам да си го смени „ајфонот” со телефон на „Хуавеј” ако е загрижен за безбедноста. Може и да се откаже од сите современи комуникациски средства и целосно да ја прекине соработката со надворешниот свет, изјави портпаролката на министерството Хуа Чунин.
„Њујорк тајмс” објави дека, според американски разузнавачки информации, кинески и руски шпиони прислушувале еден од телефоните на Трамп и ги користеле информациите за да се обидат да влијаат врз него и врз политиките на неговата Влада.
Претседателот Трамп на Твитер напиша дека користи само владини телефони и дека „има само еден мобилен телефон што ретко го користи”.
Comments are closed for this post.