Владата на САД ја заврши фискалната 2018 година со буџетски дефицит од 779 милијарди американски долари, што е најголем во последните шест години. Ваквите економски резултати се последица на падот на приходите поради намалување на даноците, но и на зголемувањето на трошоците поради зголемување на јавниот долг.

Трамп и републиканците тврдат дека даночното олеснување ќе поттикне економскиот раст и вработување. Голем дел од зголемувањето на дефицитот е резултат на зголемените државни трошоци за јавниот долг.

Задолжувањето се зголеми во текот на изминатата година, делумно за да се компензира побавниот раст на даночните приходи поради намалување на даноците, но и воените трошоци, коишто, исто така, се зголемија.