Во спектакуларна акција на британската полиција запленета е рекордна пратка на дрога. На автопат полицијата запре сино комбе за кое претходно имале сознание дека има скриен кокаин.

Дрогата била скриена во метани фиоки под лажниот под и имало пакети со вкупна тежина од 186 килограми.

Пред тоа, на социјалните мрежи беше објавено видео од еден од организаторите на пратката како седи на маса и брои пари.