Полицијата во Москва и во Санкт Петерзбург привела педесетина луѓе коишто учествувале во недозволени протести. Од нив, најмалку 40 се приведени во Санкт Петерзбург, а деветмина во Москва.
Причина за одржувањето на протестите е покренувањето кривична постапка против 10 млади Руси коишто наводно биле членови на екстремистичка група што сакала да ја сруши владата.
Адвокатите на дестеттемина осомничени, коишто беа уапсени во март годинава, тврдат дека тајната полиција го наместила случајот со тоа што ја напишала радикалната програма на групата и ги поттикнала нејзините членови да вежбаат стрелање со огнено оружје.
Четворица од таа група се уште се во затвор, додека останатите се наоѓаат во куќен притвор.
Comments are closed for this post.