Напаѓачот Роберт Бауерс (46), кој пукаше во синагогата во Питсбург, убил најмалку 11 лица, а шест се повредени, објавија локалните власти.

Тој влезе во синагогата во Питсбург и отвори оган врз присутните, а официјалните лица изјавија дека 11 лица се убиени. Американските медиуми објавија дека повеќе од 10 лица се повредени, вклучувајќи и шест полицајци.

Официјалните лица, пак, рекоа дека меѓу ранетите се четворица полицајци.

„Во нападот загинаа 11 луѓе“, рече директорот за јавна безбедност на Питсбург Вендел Хајриш на прес-конференцијата и додаде дека нема деца меѓу жртвите.